Русите во текот на подготовките за прославата на Денот на победата која традиционално ќе се одржи на 9-ти мај, за прв пат ја претставија кабриолет верзијата на претседателскиот автомобил „Аурус“ без камуфлажна заштита.
Масовното производство на „Аурус“ ќе започне во 2020-та година, а се проценува дека ќе се произведуваат околу 5 илјади вакви автомобили годишно, во следните 7-8 години. Во меѓувреме, ограничената верзија на оваа руска лимузина е веќе продадена по вртоглави цени од околу 150 илјади долари.
Оваа руска компанија освен луксузните возила во својата понуда, исто така ја произведе и претседателската лимузина во која ќе се вози рускиот претседател Владимир Путин.
Проектот „Кортеж“ е семејство на луксузни автомобили на една модуларна платформа за високите државни функционери.