Камерите снимиле неверојатен грабеж: Седнал зад слот машината и по неколку минути излегол со 8.000 долари - а воопшто не играл

Точка

19/04/2019

21:46

6.022

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Атланта е во потрага по двајца мажи кои на несекојдневен начин украле 7.900 долари од слот машина на една бензиска станица.

Имено, камерата снимила двајца крадци кои седеле на апаратите. Додека едниот мирно седел и играл, другиот нешто "чачкал". Успеал некако да го отвори апаратот и да ги извлече парите преку отворот, односно околу 8.000 долари. 

После тоа заминале во непозната насока, а работникот на бензиската случајот го пријавил во полиција.

Полицајците ја објавиле снимката со надеж дека граѓаните ќе им помогнат да ги фатат разбојниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг