Фотографиите од огромните Стронгмен натпреварувачи “напикани” во малите авионски седишта го насмеаја светот

Точка

19/04/2019

21:32

9.665

Големина на фонт

а а а

Во текот на еден лет за Шкотска настанале урнебесни фотографии при патувањето на двајца Стронгмен натпреварувачи.

Еди Хол беше прогласен за најсилен човек на светот во 2017 година, а на летот за Шкотска добил место покрај Брајан Шоу кој оваа титула ја освоил дури четири пати. 

Хол кој себеси се нарекува “The Beast” (Ѕверот) објавил фотографија на која седи покрај колегата во економска класа на летот од Лондон кон Шкотска. Исто така, на социјалните мрежи се појави и смешна фотографија на која Шоу седи покрај жена во економска класа.


“Дамите од авионскиот екипаж ме сместија покрај Шоу во авионскиот лет од Лондон до Шкотска. Никој во авионот не сакаше да се менува со местото. Дали вие би се менувале со еден од нас? Јас не би го направил тоа”, напишал Хол под фотографиjата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг