Сцената од втората епизода на “Game of Thrones” открива важен детаљ: Никој не смета на него, а судено му е да ги победи Белите шетачи

Точка

19/04/2019

21:03

5.061

Големина на фонт

а а а

Веднаш по премиерата на осмата сезона од “Game of Thrones” беше објавен трејлер за втората епизода, а потоа се појавија и фотографии кои ги следат настаните кои наскоро ќе ги гледаме.

На крајот од првата епизода се сретнаа Џејми Ланистер и Брен Старк, а тие последен пат се видоа во првата епизода од првата сезона, кога најмладиот син на Нед Старк дозна за врската помеѓу братот и сестрата на семејството Ланистер. За да ја сокријат својата тајна, Џејми го турна Брен од врвот на кулата, мислејќи дека тој нема да го преживее падот. 

Врз основа на фотографиите од новата епизода, изгледа дека Џејми ќе одговара за злосторството кое го направи и ќе биде изведен пред судот на северот.


Со оглед на тоа дека покрај името на Џејми стои прекарот “Убиец на кралеви” бидејќи му вети на кралот дека ќе го штити, но Бриен од Тарт (жената војник која вети дека ќе ги штити Санса и Арја Старк) е единствената која знае дека тоа убиство беше за добробитот на народот бидејќи Лудиот крал планирал да ги запали своите жртви од забава, дополнително ја отежнува неговата ситуација во Винтерфел.

Интересна теорија за Џејми е дека Белите шетачи и Кралот на ноќта доаѓаат по него, а не по Џон Сноу и Денерис Таргариен. Имено, бидејќи Кралот на ноќта имаше прилика да ги убие Џон и Денерис, а не го направи тоа, неговата мета е токму Џејми Ланистер. Според оваа теорија, Ланистер е Азор Ахаи, принцот кој според пророштвото е суден да ги победи Белите шетачи и нивниот крал.

Кога во шестата сезона, Џоџен Рид праша колку долго ќе трае “долгата ноќ”, неговата рака беше во пламен, а бидејќи Џејми остана без рака и наместо неа носи златна ракавица, одговорот сам се наметнува.


Затоа, тој би требало да биде оној кој ќе ги победи Белите шетачи, а дали ваквата теорија е вистина, ќе дознаеме во следните епизоди од сезоната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг