Богато момче тврди дека бездомниците се мрзеливи: Откако минал три вечери на улица, го променил мислењето

Точка

19/04/2019

21:07

3.423

Големина на фонт

а а а

Со себе имал вреќа за спиење, капут и пар дебели чорапи.

Богатото момче, кое тврдело дека бездомниците се мрзеливи и ограничени, минал три ноќи на улиците во Лондон, за да се увери дека животот без кров над глава не е воопшто лесен. 

22-годишниот Кајрен го променил својот лускузен начин на живот, кој бил преполн со дизајнерска облека и егзотични одмори, за да мине некое време живеејќи како бездомник - каде за малку ќе бил избоден и принуден да се исчисти со мокри марамчиња во тоалетите на МекДоналдс.

Претходно тврдел дека бездомниците можат да си обезбедат кров над глава ако работат напорно, поради што сакал да ја докаже таа теорија.

Кајрен, кој тврди дека заработува 13.000 долари дневно, троши 130.000 долари на автомобили и има гардероба вредна 39.000 долари, излегол на улица со вреќа за спиење, капут и пар дебели чорапи. Додека просел, планирал да купи чадори кои би ги продавал по повисока цена кога врне дожд.

Меѓутоа, кога сфатил дека заработил само неколку долари, се разочарал.

"Се чувствувам како да го продавам своето тело, морате малку да ја проголтате својата гордост", рекол тој.

Во текот на краткиот експеримент, Кајрен за малку ќе бил избоден, а хигиена одржувал во тоалетите во ресторани за брза храна.

Кога дошло време конечно да се врати во својата куќа во Манчестер, одлучил дека ќе им даде се што заработил на бездомниците.

Исто така ветил дека ќе донира пари и храна за бездомниците, како и дека ќе ја охрабри својата ќерка да го направи истото.

Видеото можете да го погледнете тука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг