Илјадници христијански свештеници денес прошетале низ древните улици на Стариот град во Ерусалим, следејќи го патот на Исус до распнувањето на Велики петок, според новиот, Грегоријански календар.
Верниците носеле дрвени крстови на рамениците и пееле во чест на претстојниот, најголем празник на христијанството, Велигден, пренесува "AP".
Прошетката тргнала од Манастирот каде Исус бил камшикуван, а продолжила по Патот на солзите и завршила во црквата на Светиот гроб, каде христијаните веруваат дека Исус бил погребан пред неговото воскреснување, во недела.
Овогодишниот Велики петок и еврејскиот празник Паша донеле свечена атмосфера во Ерусалим.
Еврејските жители побрзале да завршат со подготовките за Седер вечерата.