Откриено за што ќе зборуваат Путин и Ким: Едно прашање ќе биде централна тема на разговорот

Точка

19/04/2019

20:01

2.531

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјавил дека рускиот и севернокорејскиот лидер, Владимир Путин и Ким Јонг Ун, ќе имаат пред себе голем број на прашања за кои ќе разговараат во текот на средбата.

  "Прво и најважно е развојот на билатералните односи, второ, прашањето за денуклеаризација и регионална соработка, така што распонот на прашања за кои тие ќе расправаат е прилично голем", рекол Песков. 

Тој ги потсетил новинарите дека станува збор за самит на две соседни држави, кои делат прилично долга граница.

"Нашите земји не се сместени на различни континенти, ние се граничиме едни со други", нагласил Песков коментирајќи го барањето да ги спореди претстојните разговори меѓу Путин и Ким и претходните меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја.

Зборувајќи за очекувањата на Кремњ од состанокот на двајцата лидери, Песков потсетил дека "Москва и Путин немале одвоени разговори со севернокорејското раководство некое време".

"Како што се сеќавате, Путин го посети Пјонгјанг на почетокот на 2000-тите, кога имаше контакти со севернокорејски службеници на највисоко нив. Потоа дојде до поголема пауза кога доминираше прашањето за денуклеаризација на Корејскиот полуостров", потсетил Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така потсетил дека Русија ја поддржува денуклеаризацијата на Северна Кореја, односно на Корејскиот полуостров.

"Нема сомнежи дека Русија ќе биде подготвена да направи се што е во нејзина моќ да го унапреди процесот на денуклеаризација на Корејскиот полуостров", нагласил тој.

Истовремено, Песков подвлекол дека Русија по ова прашање води своја независна политика и не ги координира своите напори со САД.

"Ние разменуваме одредени мислења. Секако, прашањето за Корејскиот полуостров е тема вредна размена на мислења на две држави, но не можеме да кажеме дека постои било каква координација", објаснил тој на крајот.

Вчера информативната служба во Кремљ соопштила дека рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе се состанат во Русија, најверојатно во Владивосток, до крајот на април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг