Ева Мендес ужива во бракот со актерот Рајан Гослинг, со кој ги има ќерките Аманда и Есмералда, а сега споделила детаљ кој ги инспирирал сите жени.
Популарната актерка својот сопруг го запознала на сетот на филмот "Куќа од борови", а прв пат во јавност биле видени во 2011-та година. Ева и Рајан се сметаат за еден од најскладните парови во Холивуд, но никогаш не зборуваат за својот брак, не се фотографираат со своите деца, ги избегнуваат медиумите. Дури и ретко се заедно на црвениот тепих.
Таа изјавила дека никогаш во минатото не сакала да има деца, а сега има две. Љубовта со Гослинг целосно ја променила.
"Тоа не ми беше ни на крај на памет. А тогаш се случи Рајан Гослинг, се заљубив во него и тогаш...не сакав деца, сакав негови деца", рекла Ева и ги воодушевила жените ширум светот.