Починала од редок облик на рак на само 35 години, а зад себе оставила проштално писмо кое секој мора да го прочита

Точка

19/04/2019

18:09

6.193

Големина на фонт

а а а

Животот е убав и треба да се живее со полни гради бидејќи кога ќе сфатите дека ви преостанува уште малку време, често е доцна да им се препуштите на авантурите и да уживате во сè што ви е на дофат на рака.

Кога Бејли Џин Мaтесон дознала дека ѝ останале само уште две години живот, таа одлучила времето кое ѝ преостанало да ѝ биде незаборавно. Таа ги советувала и другите да го направат истото. 

Оваа млада жена одлучила да упати реална и поучна порака како кон своите сакани, така и кон сите останати.


“Не ги сфаќајте сериозно малите работи, живејте малку”, напишала таа покрај текстот кој е пропратен со нејзина фотографија на која таа се смее. Бејли им се заблагодарила на своите родители кои ѝ дале најубав подарок со тоа што ја поддржувале во текот на хемотерапијата и ја оставиле да го проживее остатокот од животот онака како што таа сакала.

“Можам само да замислам колку било тешко да се гледа како престанувам со терапија и им се препуштам на работите онака како што природата го сака тоа. Ве сакам многу повеќе поради тоа”, напишала Матесон која била единствено дете на нејзините родители.


Болеста за неа била како маскиран благослов бидејќи голем број на луѓе секојдневно живеат без благодарност и го земаат животот здраво за готово. Кога ви е дијагностицирано нешто страшно, тогаш престанувате да се колебате. Тогаш само говорите и правите сè што ќе посакате.

Бејли отсекогаш живеела многу активен живот. Таа почнала да му се жали на болки во стомакот на своето момче Брент кого го запознала три месеци пред болеста да ѝ биде дијагностицирана. Во своето писмо, таа му се обратила и на него.


“За мојот Брент: не знаеше во што се впушташ тој ден кога само се појави во мојот живот”, напишала девојката.

Бејли упатила и зборови на благодарност на своите пријатели:

“Секогаш ги ценев моите пријателства повеќе од било што бидејќи никогаш не сум имала блиски роднини. Им благодарам за безусловната љубов и поддршка која ми помогна сето ова што беше премногу тешко да биде подносливо и смирувачки. Не сакам да звучам нормално, здодевно, обично. Сакам тоа да биде порака за сите што ги сакав”.

Откако напипала израсток во стомакот, ултразвукот и биопсијата покажале што всушност не е во ред – во јануари 2017 година ѝ бил дијагностициран леиомиосарком, редок облик на рак кој го погодува мазното ткиво на мускулите на стомакот. Вистинската причина на болеста е непозната, а според Националната организација за ретки болести е како да сте извлечени на лоша лотарија.

Таа имала опција да се оперира по терапијата која би го намалила ракот, но терапијата не успеала и операцијата била премногу ризична. Докторите ѝ дале уште две години живот, а хемотерапијата било едно од решенијата, но од страв од грозните непосакувани дејства на хемотерапија, таа се откажала од лекувањето.


Бејли пропатувала низ 13 земји: Америка, Ирска, Англија, Норвешка, Хрватска, Црна Гора, Света Луција, Мексико, Франција, Мароко, Грција, Португалија и Шпанија. Девојката била и на концерт на својот омилен бенд Колдплеј.

Џин Матесон починала на 5-ти април, а нејзиното момче одлучило да оди на советување кое ќе му помогне, а кога се јавил да закаже во локалниот центар, дознал дека таа го направила тоа за него пред смртта бидејќи сакала да биде сигурна дека тој ќе има некој кој ќе му помогне да ја преболи загубата.

“Не можам да замислам подобар маж покрај себе за сите авантури, состаноци, смеа, солзи и падови”, напишала Бејли во прошталното писмо кое мотивирало многумина ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг