Трева на животот: Секојдневно ја газиме, а немаме поим што сè може да излечи!

Точка

19/04/2019

17:31

3.251

Големина на фонт

а а а

Тревата мокрица, која расте во речиси секој двор, го подобрува крвотокот, меморија и позитивно влијае на целото тело!

Преполна е со корисни супстанци - витамините Ц, Е и К, кои помагаат во спречување на згрутчување во крвта. Исто така, содржи железо, магнезиум, кобалт.

Освен што е богата со есенцијални материи, тревата мокрица научно е докажано дека има антиинфламаторни, антисептични, диуретични и хипотензивни (го намалува притисокот) својства. Одлична е во борбата против холестеролот и коронарна срцева болест. Научниците дошле до докази кои укажуваат дека мокрицата има моќ да ни го сочува и подобри видот.


Руралните сточари многу ја користат, а особено нејзиниот сок, за лечење на болести на бубрезите и црниот дроб, но и тироидната жлезда и хемороидите. Велат дека е одлична во лечење на проблематична кожа која е склона на акни и мозолчиња.

Добра е против главоболки, замор и за смирување на нервите. Оваа билка без вкус и мирис исто така ја подобрува меморијата.

Бидејќи е полна со витамин Е, сокот од тревата мокрица е непроценлив третман против брчките, кој воедно ги чисти крвните садови и помага во исфрлување на штетните материи. Би требало да го пиете трипати дневно по половина чаша, три месеци, за да се внесе потребната количина на витамин Е, за да се постигне ефектот.


Одлична е кога се консумира и како салата - освежителна е, а за да добиете вкус, зачинете ја малку со маслиново масло и сирење. Сецкана може да ја користите како зачин во сите јадења.

Ако сакате да подготвите залихи од сува мокрица, соберете ја додека цвета и оставете ја да се суши на температура не поголема од 40 степеи. Чувајте ја во стаклена тегла со капак. Ако сакате прав, истолчете ги сувите листови во сад.


Напомена: Пред примена на било каков вид на природна медицина, посоветувајте се со вашиот лекар. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг