Мерсон предвиде кои екипи ќе играат во финалните средби во ЛШ и ЛЕ

Дерби

19/04/2019

21:03

2.314

Големина на фонт

а а а

Зад нас се четвртфиналните рунди во двете најквалитетни европски натпреварувања Лигата на шампионите и Лига Европа, односно сега останува она највозбудливото, самата завршница.

Тие средби се закажани за финишот на овој месец, месец мај и јуни и истите со нетрпение сите ги очекуваме. Веќе почнаа да се даваат и одредени прогнози за тоа каков исход може да имаме како во ЛШ така и во ЛЕ, а еден од оние кој веќе го искажа својот став е Пол Мерсон.

Легендата на Арсенал очекува во двете натпреварувања да има англиски финалиња или тоа во случајот би биле Ливерпул-Тотенхем и Челси-Арсенал.

-Мислам дека Арсенал ќе игра против Челси во финалето. Мислам дека можеме да имаме две англиски финалиња. Се се врти околу повредите, фитнесот и самодовербата (за финалето). Се зависи од денот. Се работи за самодоверба, не за способноста на играчите, -порача Мерсон за „Скај Спортс“.

Да потсетиме во полуфиналето на ЛШ се среќаваат Ливерпул-Барселона и Тотенхем-Ајакс, додека во истата фаза во ЛЕ играат Арсенал-Валенсија и Челси-Ајнтрахт Франфурт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг