Бразилскиот репрезентативец, Филипе Кутињо наредниот месец ќе се врати во Ливерпул со тоа што сега ќе ја има улогата на противникот на „црвените“, клуб во кој мина неколку одлични години.
Меѓутоа сега Кутињо е член на Барселона и со нив ќе се обиде да дојде до резултат со кој ќе дојдат до финалето на Лигата на шампионите. Тоа воопшто нема да биде лесно и тоа многу добро го знае Кутињо кој кратко и проговори за неговото враќање на „Енфилд Роуд“.
Клоп испрати порака до Суарез и Кутињо пред нивното враќање во Ливерпул
Имено тој на социјалните мрежи мрежи го доби следново прашање:
-Како се чувствувате поради можноста да играте против Ливерпул?
Неговиот одговор пак беше краток и јасен:
-Јас сум многу возбуден, -порачал офанзивецот.
Дуелот на „Енфилд Роуд“ е закажан за 7 мај, поточно претходно двата клубови ќе се соочат на „Камп Ноу“ (1 мај).