Клоп го прокоментира лудилото на „Итихад“ и елиминацијата на Сити од ЛШ

Дерби

19/04/2019

19:15

2.658

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити во еден луд и драматичен натпревар во кој клучна беше ВАР технологијата беше елиминиран од Тотенхем во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Сосема очекувано и понатаму има коментари за случувањата на „Итихад“ во кои видовме седум голови во мрежите на Едерсон и Лорис. Последен кој се огласи и даде свое видување беше стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп кој се обиде да го објасни таа драма, но и тоа дали елиминaцијата на Сити ќе има влијание и врз борбата за пехарот во Премиер лигата.

-Не знам дали елиминијата ќе му помогне на Сити. Немам идеја, ама беше неверојатно. Навистина ми е жал за нив. Секако сите помислија дека е гол и истиот го прославија. Знам дека луѓетот ќе кажат дека без ВАР тоа ќе беше чист гол и тоа е вистина, ама потоа ќе имавме многу дискусии. Тоа беше тешко, 100 проценти сум сигурен, ама од друга страна комплименти за Тотенхем, со сите проблеми тие поминаа. Јас кажав пред сезоната дека Тотенхем има најтешко лето и тоа не затоа што не се засилија, туку затоа што нивните играчи имаа само две недели одмор. И сега играат вака сезонава? Неверојатно. Да се биде во меч како овој, да се биде подготвен како што беа, да се даде три гола кај Сити е голема работа. Секако тоа го заслужија, ама дали ќе влијае врз лигата? Немам идеја, ќе видиме, -истакна Клоп во пресрет на мечот кој неговиот Ливерпул го игра овој викенд против Кардиф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг