Најголема победа во кариерата: Медведев го сруши Ѓоковиќ во Монте Карло

Дерби

19/04/2019

17:40

1.550

Големина на фонт

а а а

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е елиминиран во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Монте Карло. Првиот носител на овој турнир од серијата 1000 загуби од талентираниот Данил Медведев од Русија со 2-1 во сетови.

Скоро два ипол часа траше битката меѓу Ноле и Данил, но на крајот подобро се снајде Русинот кој со 6-3, 4-6, 6-1 дојде до најголемата победа во неговата кариера. Медведев пред два дена имаше учинок 1-11 против тенисеријата од првата десетка на АТП листата, меѓутоа сега дојде до два триумфи во низа против Степанос Циципас и Ѓоковиќ со што само потврди зошто пред него е светла иднина.

Данил е само вториот тенисер кој успеал во четвртфиналето да го добие Ѓоковиќ токму во Монте Карло, првиот е Давид Гофан во 2017 година.

Следен ривал на Медведев одново ќе биде Србин или поточно тоа е Душан Лајовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг