Ford Mustang: Четврта година по ред на тронот!

Точка

19/04/2019

17:21

2.520

Големина на фонт

а а а

Ford Mustang четврта година по ред е најпродаваниот спортски купе на светот – минатата година биле продадени 113,066 примероци ширум светот.

Американската икона Ford Mustang слави 55 години од претставувањето на Саемот на автомобили во Њујорк во април 1964-та година кога беше убедливо најголемата ѕвезда.

Овој спортски автомобил севкупно е произведен во повеќе од 10 милиони примероци, додека актуелниот модел од најновата генерација е најпродаван во светот минатата година, а купе верзијата е на тронот веќе четврта година по ред.


Според многумина, ниту еден американски автомобил во историјата немал толку многу симпатии насекаде во светот, а вреди да се спомене дека Ford Mustang во 2015-та година беше најбараниот спортски автомобил на пазарот во Германија.

Минатата година биле продадени 113,066 примероци на новиот Ford Mustang ширум светот, со што е забележан пораст од 0,5%. Најголема продажба е забележана во Соединетите Американски Држави, вкупно 75,842 примероци, а овој автомобил минатата година бил достапен во дури 146 држави ширум светот.


Во текот на 2015-та година биле продадени повеќе од 500 илјади примероци на шестата генерација на Ford Mustang, од кои 45 илјади автомобили биле продадени во Европа каде што конкуренцијата е убедливо најголема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг