Принцезата Дајана го немала тој луксуз: "Едвај се движев, веднаш почнав да плачам кога се оддалечивме од фоторепортерите"

Точка

19/04/2019

16:35

5.318

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари ја известија јавноста дека нивното бебе ќе се роди во тајност, а дека веста за тоа ќе ја споделат дури кога ќе прослават во кругот на семејството. Принцезата Дајана го немала тој "луксуз".

Ова ги разочара многу фанови на кралското семејство кои очекувале дека Меган како сопругата на принцот Вилијам, Кејт уште првиот ден ќе ги покаже пред светот. 

И мајката на принцовите, покојната принцеза Дајана раскажала за маките низ кои поминала на денот кога се породувала.


Најџел Кавторн, авторот на книгата "Call me Diana" напишал дека принцезата му зборувала за пеколот низ кој поминувала кога излегла пред фоторепортерите и на светот му го покажала Вилијам.

"Едвај се движев ога излегов од болница. Конците ме убиваа и едвај успеав да ставам нога пред нога", рекла Дајана.


Таа додала дека било многу напорно да стои и да се смее пред камерите неколку минути.

"Почнав да плачам веднаш штом се оддалечивме од фоторепортерите", раскажала принцезата.


Сопругата на принцот Вилијам, Кејт веќе три пати стоела пред фоторепортерите покажувајќи ги трите деца.

Синот Џорџ го покажале еден ден после породувањето, додека Шарлот и Луи само неколку часа откако се породи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг