Не можел да се движи колку бил дебел: За само 5 месеци ослабел 42 килограми и од неговиот пивски стомак не останало ништо

Точка

19/04/2019

16:49

5.043

Големина на фонт

а а а

Џеремаја Питерсон, татко на три деца, успеал за само пет месеци да ослабе дури 42 килограми.

Имено, додека бил средовечен дебелко не можел да се дружи со своите деца од 9, 7 и 6 години. Кога оделе на планинарење, тој заостанувал и одвај доаѓал до воздух. 

По една таква напорна прошетка, одлучил целосно да го промени својот начин на живот и за само пет месеци да го отстрани целиот вишок на килограми кој го имал.

Питерсон открил дека килограмите ги изгубил благодарение на кето диета и интензивно, напорно вежбање. Секој ден вежбал барем по еден час, а имал и тури од пешачење кои траеле два часа.

Тој истакнал дека клучот на успехот е да се има добар мотив кој ќе ве турка напред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг