На краткотрајното владеење на чевлите со шпиц на врвот, му дојде крајот.
Иако во мода се враќаа на неколку години, тие беа хит последниве неколку сезони, сега повторно се аут, а на нивното место дојде еден поинаков тренд од деведесеттите.
Станува збор за чевлите на кои врвот им е во форма на квадрат, и кои ќе претставуваат хит тренд за претстојното лето затоа што модните инфлуенсерки на инстаграм веќе почнаа да излегуваат во сандали од таков облик.
Пред нив трендот го најавија водечките дизајнерски куќи, вклучувајќи ги „Saint Laurent“, „Zimmermann“, „Jacquemus“ и многу други, а го потврдија и славните трендсетерки, како Бела Хадид и Кендал Џенер.
Освен квадратастиот врв, трендот во сандалите за претстојното лето се наоѓа и во минимализмот, односно во неколкуте едноставни тенки ремчиња, тенките потпетици, а најпосакуваната боја е белата.
Затоа доколку моментално размислувате за купување на нови сандали, ова е моделот во кој што вреди да се вложи, а некои среќнички помешу вас можеби ќе си ги пронајдат во некои од мамините чевли од деведесеттите.