Наместо пролетно сонце, април оваа недела ни донесе дожд и големо заладување. Кога сите облаци ќе се соберат над нас, најдобро е да се „пикнеме“ под ќебе и да уживаме во некој добар филм.
Одлучивме да направиме список од 8 филмски наслови од различни жанрови, кои сигурно ќе ви го подобрат расположението и ќе ви ја разубават дождливата недела.
Американскиот филм „The Devil Wears Prada“ е создаден врз основа на истоимениот роман на Лорен Вејсбергер, од 2003-та година. Книгата и филмот ја следат приказната за Енди Сакс, девојката која после дипломирањето се сели во Њујорк и ја добива работата за личен асистент на Миранда Присли, моќна уредничка на модниот магазин „Runway“. Улогата на строгата Миранда ја игра легендарната Мерил Стрип, која поради својата изведба се здобила со номинација за Оскар, а улогата на нејзината нова асистентка Енди, ѝ припаднала на Ана Хатавеј.
Како предлог за омилена британска романтична комедија, послужил романот „Helen Fielding“ од 1996-та година. Филмот во кој главни улоги имаат Рене Зелвегер, Колин Фирт и Хју Грант, постигна голем комерцијален успех и наиде на позитивни коментари од критичарите.
Фановите на научната фамтастика сигурно со задоволство би ѝ се вратиле на оваа трилогија, идеална за саботен и неделен филмски маратон. Потсетете се на авантурите на Марти Мекфлај, Дока и остатокот од екипата, кои трилогијата „Back To The Future“, ја направија легендарна.
Обожавателите на овој филм знаат дека секогаш е добро време за повторно гледање на танцовиот класик од 1987-ма година, поради кој засекогаш се заљубивме во Патрик Свејзи. Речиси да нема обожавателка на романтични филмови која барем еднаш не ја гледала оваа приказна за ненадејната љубов помеѓу танчерот Џони Кесл (Свејзи) и тинејџерките Франсиз „Baby“ Хаусмен, која ја глумеше Џенифер Греј.
Британската романтична комедија од 2003-та година многумина ја поврзуваат со Божиќ, но фановите на ликот и делото на Ричард Кертис сакаат да го гледаат во било кој период од годината. Филмот за овој британски режисер и сценарист никого не остава рамнодушен.
Потребна ви е доза смеење во женско друштво? Тогаш „Деверици“ се создадени за вас. Американската комедија на Пол Фиг од 2011-та година ја следи група пријателки кои се подготвуваат за венчавка на една од нив, а инцидентите на овие дами ќе ве насмеат до солзи.
Ако не сте расположени за играни филмови и повеќе би уживале во цртан филм, гледајте го „Ratatouille“. Забавниот анимиран филм од 2007-ма година е награден со Оскар за најдобар долгометражен анимиран наслов, а во анкетата на меѓународните филмски критичари која спровеле ВВС, прогласен е за еден од 100 најдобри филмови досега снимени во 21-от век.