Можеби наскоро социјалната мрежа Инстаграм ќе го скрие покажувањето на бројот на лајкови

Точка

19/04/2019

15:43

2.674

Големина на фонт

а а а

Сè повеќе изгледа дека причината заради која луѓето објавуваат слики на социјалните мрежи се лајковите.

Тоа всушност е начин да добијат потврда од другите, а популарноста се оценува според бројот на лајкови кој што одредениот пост ги добил.

Меѓутоа во еден помалку контроверзен потег, изгледа дека Инстаграм тестираше промената во својот кориснички интерфејс, каде што лајковите ќе се сокријат од вашата публика, пишува PC Press.


Ова го откри Jane Manchun Wong, која на својот Twitter профил споделила дека постои можност во иднина никој, освен вас, да не знае колку лајкови има вашиот пост. Како што споменавме, тоа е една контроверзна одлука, заради големиот број на инфлуенсери на социјалните мрежи што се основаат според бројот на лајковите за да покажат колку се популарни и како можат да ги контролираат цените со кои ги наплаќаат адверториите и слично.


Меѓутоа, Инстаграм има интересна точка на гледање која гласи: „Сакаме вашите следачи да се фокусираат на она што го споделувате, а не на тоа колку лајкови има вашиот пост.“ 



Спонзорирани линкови

Маркетинг