Во која година од животот жените и мажите се најпривлечни?

Точка

19/04/2019

15:17

2.908

Големина на фонт

а а а

Старата изрека вели дека убавината е во очите на набљудувачите, а истото може да се каже и за привлечноста. Кога е во прашање изгледот, тешко е да се генерализира, бидејќи сите имаме различен вкус и потполно различни работи ќе предизвикаат во нас чувство на желба кон друга личност.

Меѓутоа, многу истражувачи одлучиле да се позанимаваат со темата за привлечност и утврдиле во кои години од животот жените и мажите се најпривлечни.


Сосема очекувано, ситуацијата е различна кај двата пола. Според истражувањето на Елизабет Брач, професорка по социологија на Универзитет во Мичиген, мажите во очите на жените во просек се најпривлечни околу 50-та година од животот. Поточно, периодот на нивната најголема привлечност почнува во 40-те години од животот и врвот го доживуваат во 50-те години.


Од друга страна, нејзиното истражување покажало дека (според мислењето на мажите), периодот на најголема женска привлечност почнува после 18-та година од животот и со текот на годините таа само опаѓа.

Податоците од една студија потврдиле дека мажите поголемиот дел од привлечноста ја поистоветуваат со младоста и сметаат да припадничките на поубавиот пол во просек се најпривлечни во 23-та година од животот.


Како што може да забележите од галеријата со фотографиите од познатите дами, жените изгледаат прекрасно во сите животни периоди, што и да мислат мажите за тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг