Со бензин и запалка влегол во катедрала: Њујоршкиот професор со бизарно објаснување зошто го направил тоа после пожарот во Нотр Дам

Точка

19/04/2019

17:16

2.307

Големина на фонт

а а а

Мажот кој што беше уапсен после влегувањето во катедралата Свети Патрик во Њујорк со канистери бензин и запалка, откри зошто го направил тоа.

Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за универзитетски професор, кој освен канистерите, со себе носел и течен гас и запалка. Њујоршката полиција соопшти дека станува збор за 37-годишниот Марк Лампарело кој е осомничен за обид за подметнување на пожар и предизвикување на општа опасност.

Интересно е тоа што американскиот професор, пред да биде уапсен, имал резевирано авионски билет за Рим.


Осомничениот откако бил приведен, на полицајците им рекол дека минувал низ катедралата за да стигне од Петтата авенија до Авенијата Медисон каде што се наоѓало неговото комби кое останало без бензин.

Набрзо потоа инспекторите го провериле неговото комби и утврдиле дека истото имало бензин, а исто така веднаш откриле дека професорот и во минатото имал проблеми со законот.

На прашањето дали тероризмот е можен мотив за инцидентот, заменик комесарот за анти-терористички операции при њујоршката полиција, Џон Милер за американските медиуми изјави дека е „прерано да се каже“.

Сепак, најинтересно е тоа што инцидентот во Њујорк се случил само два дена после големиот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз, па голема е веројатноста сето тоа да е поврзано, односно професорот имал намера да ја запали и познатата катедрала во Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг