Ни катаклизма, ни војни нема да нè уништат: Експертите ја откриле најголемата опасност по човековиот род! А еве кој им е сега виновен!

Точка

19/04/2019

15:34

3.899

Големина на фонт

а а а

Притисокот на државниот апарат во земјите како Кина и Индија го направил своето. Паровите во урбаните средини можеле да имаат две деца само под услов и самите да немаат браќа и сестри, а на село второ дете би било дозволено само ако е првороденото - девојче. За оние кои би ги прекршиле овие правила, казните би биле прилично ригорозни.

Со оглед на тоа дека Кина е традиционално патријархална земја насочена на машко потомство, политиката на едно дете довела до тоа жените да ги абортираат женските деца или да ги напуштаат. 

Моментално во светот недостастуваат 23,1 милион жени, а на таа бројка влијаела и оваа бизарна пракса. Дури 10,6 милиони жени недостасуваат во Индија, а 11,9 во Кина.

Научниците тврдат дека токму политиката на едно дете влијаела на ваквите бројки, со оглед на тоа дека родителите за единственото дете кое го добиваат, сакаат да биде машко.

Тим од Сингапур, во своето 5-годишно истражување, вклучил податоци од 202 земји, вклучувајќи ги и оние во кои во некој момент од својата историја децата биле фаворизирани во однос на девојчињата. Токму поради тоа во некои места односот на половите бил 118 наспроти 100 во корист на мажите.

Интересно е дека од друга страна жените имаат подолг животен век во повеќето земји. Во Велика Британија Канцеларијата за национална статистика открива дека мажите во просек живеат 72,9 години, а жените 82,9 години. Исто така, на секој маж кој ќе наполни 100 години, постојат и четири жени кои стануваат 100-годишнички. Ова, како што велат, е необјасниво, но носи светска рамнотежа.

Од друга страна, Дарел Брикер, канадски политиколог, смета дека ќе имаме сериозни проблеми поради недостигот на жени. Кина спореди истражувањата го чувствува недостигот на жени кои се во репродуктивно доба.

Брикер така во својата книга "Empty Planet" заклучил дека поверојатно е дека ќе ни недостасуваат луѓе, отколку дека ќе има премногу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг