Кендал Џенер призна дека заради своите сестри имала проблем со самодовербата

Точка

19/04/2019

14:42

4.029

Големина на фонт

а а а

Иако во меѓувреме изгради неверојатна манекенска кариера, и понатаму ја мачи несигурност. За своите 24 години Кендал Џенер може да се пофали дека носела бројни престижни модни ревии, а нејзината кариера со брзина на светлината оди кон напред.

Сепак сето тоа не ѝ помогна да изгради самодоверба. Како што призна за Телеграф, често се чувствувала како да не е дел од семејството Кардашијан, затоа што ниту психички ниту физички не потсетува на своите сестри.


„Моите сестри имаат облини, за разлика од мене. Имаат гради, а јас немам. Во текот на растот секогаш бев слаба девојка која гледаше во своите сестри и размислуваше дали треба да биде привлечна како нив.

Голем дел од животот се чувствував дека заради тоа да не сум дел од семејството“, го раскажала тоа и додала дека денес научила својата различност да ја гледа како предност, а не толку како маана.

Освен тоа, признала дека сè поретко се појавува во шоуто „Keeping Up With a Kardashians“ затоа што сака да има поголема приватност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг