Јанушев, Кирацовски и Асани се ракуваа и ветија фер и демократски избори

Макфакс

19/04/2019

14:10

663

Големина на фонт

а а а

Шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател денеска присуствуваа на средба со Државната изборна комисија од каде порачаа дека очекуваат фер и демократски избори.

Шефот на изборниот штаб на Гордана Сиљановска Давкова, Игор Јанушев рече дека нема да упатува од тука политички пораки и посака да се одржат демократски избори на 21 април.

„Граѓаните да ја препознаат вистинската личност за која што ќе гласаат“, подвлече Јанушев.

Флорин Асани, кој е шеф на штабот на канидатот поддржан од Беса и Алијансата за Албанците, Блерим Река апелираше на масовна излезност.

„Ветивме европска камапања, така и се случи. Немаше инциденти, верувам дека така ќе биде на и 21 април. Апелирам масовно да излезат граѓаните да гласаат, за да одбереме претседател на Северна Македонија“, рече Асани.

Александар Кирацовски од изборниот штаб на заедничкиот кандидат, Стево Пендаровски, изрази благодарност од ДИК за можноста сите на заедничка маса да испратат порака за кристално чисти избори.

„Ние сме малку повеќе одговорни како владеачко мнозинство, но сите партии имаат одговорнот. Ги повикувам сите да покажеме висока демократска зрелост за граѓаните слободно да ја изразат својата волја. Спроведовме кампања која доликува на европските принципи. Ова не се само избори за претседател туку да покажеме и дека сме достојни за европска интеграција и за идна членка на НАТО алијансата“, истакна Кирацовски.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, оцени дека кампањата досега се одвивала во мирна атмосфера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг