Хит видео по натпреварот: Давид Луиз си го размени дресот со неговиот „близнак“

Дерби

19/04/2019

12:59

2.600

Големина на фонт

а а а

Екипата на Челси во многу интересен натпревар со седум погодоци славеше против Славија Прага со 4:3 и со тоа го чекираше патот во полуфиналето од Лига Европа.

Освен головите, она што стана хит на интернет е и една ситуација по последниот судиски свиреж.

Имено, Давид Луиз го размени дресот со младиот, 20 годишен играч од средниот ред Алекс Крал кој има буквално иста фризура како него. Веројатно токму тоа е причината поради која Бразилецот го разменил дресот со членот на младата чешка репрезентација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг