Меланија Трамп со причина доминира на модната сцена: Бел фустан и цветен мантил кои секоја жена би ги посакала!

Точка

19/04/2019

12:57

1.393

Големина на фонт

а а а

Уште една потврда зошто првата дама на Америка ја носи титулата за модна икона. После неколку еднобојни, да не кажеме монотони комбинации, првата дама на Америка, Меланија Трамп повторно нè воодушеви кога станува збор за модата.

Убавата Словенка се упати со својот сопруг Донал Трамп на Флорида, каде што ќе ги поминат велигденските празници. 


Ги засени сите гости: Меланија Трамп доминираше во цветниот капут! 


Меланија одлучи на нивното омилено место да отпатува во топ пролетна дневна комбинација, па на себе носеше бел фустан до колена, преку кој, во свој стил, има префрлено преубав пролетен цветен мантил. 


Едноставната, но многу впечатлива комбинација ја заокружи со салонки на високи потпетици во пастелно портокалова боја, која оваа пролет е апсолутен тренд.

Дали би ја искористиле оваа комбинација на Меланија Трамп? 




Спонзорирани линкови

Маркетинг