Згасна уште еден млад живот: Почина момчето за кое цела Македонија донираше

Точка

19/04/2019

21:54

11.786

Големина на фонт

а а а

Тоше Илиевски, 30-годишното момче за кое медиумите изминатите неколку месеци повикуваа на донации, утрово почина.

Ова младо и несреќно момче боледуваше од Non - Hodgkin’s lymphoma или карцином на лимфните жлезди. Тој и самиот имаше испратено апел до јавноста за да му се помогне финансиски за лекување и лекови за тешката болест, со која на крајот сепак не успеа да се избори.


Денеска требаше да биде одржана целодневна хуманитарна забава за која повикавме на хуманост во понеделникот, а собраните средства ќе беа наменети за него.

Неговите пријатели, колеги и семејството се шокирани и тажни поради прерано заминатиот Тоше Илиевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг