Трикови за WhatsApp кои мора да ги пробате

Точка

19/04/2019

12:02

1.897

Големина на фонт

а а а

Овие трикови мора да ги пробате ако сакате да се „сокриете“ од одредени луѓе.

Станете подискретни

Ако не сакате вашите контакти да видат кога последен пат сте ја виделе пораката, тоа може да го промените. Таа опција е сместена во делот за приватност под ставката „last seen“. Таму може да изберете дали сакате да се сокриете од одредени или сите контакти.


Запрете го зачувување на фотографиите на вашиот смартфон

За да запрете WhatsApp да ви ги зачувува фотографиите на уредот, мора да го направите следново: на IOS отворете во Settings > Privacy > Photos и таму запрете го преземањето. На Android вклучете го file manager, како ES File Explorer и потоа одете во sdcard/WhatsApp/Media и кликнете на New во било која папка која не сакате да ја споделите и потоа креирајте датотека под името „nomedia“.

Податоци? Каде со нив?

Корисниците на iPhone треба да одат во Settings > Data and Storage Usage и таму да го подесат начинот на кој ги чуваат податоците. Изберете Wi-Fi ако не сакате да трошите за време на периодот кога не сте дома или едноставно изберете ја ставката за автоматско преземање и префрлете ја на „никогаш“. Ако сте сопственик на Android, опцијата се наоѓа под Settings > Data Usage.


Проверете колку троши WhatsApp

Отворете ги опциите за користење на мрежа во WhatsApp со одење во Settings > Data and Storage Usage > Network Usage. Таму ќе добиете целосен преглед на потрошените мегабајти.

Користете десктоп верзија на апликацијата

Немате при рака смартфон, а седите пред компјутер? Нема проблем - одете на официјалната страница на WhatsApp, пријавете се и работете си како на смартфон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг