Еве зошто ова е најубавиот аеродром на светот: 10 нивоа, огромна градина и водопад од 40 метри!

Точка

19/04/2019

13:04

2.045

Големина на фонт

а а а

Иако работи веќе 7 години, аеродромот „Чанги“ во Сингапур според многумина е убедливо најубавиот аеродром на светот.

Со последната знаменитост, таа титула и повеќе е оправдана. Овој месец беше отворена зградата “Jewel” која наликува на крофна и се наоѓа меѓу контролната кула и терминалот 1. Објектот се градеше четири години и беа потрошени вртоглави 1,25 милијарди долари.


Станува збор за конструкција од стакло и челик која во еден дел има трговски центар, а другиот дел практично е џунгла. 5 катови се над површината, а 5 под површината на земјата. Во целиот комплекс се наоѓаат 280 локали и ресторани, кино сала, супермаркет и хотел, а на средината има неверојатен 40-метарски водопад.


Водата се собира од дождовите и нон-стоп кружи низ специјалниот систем, а навечер се користи за лајт-шоу.


Околу водопадот се наоѓа голема градина на четири ката каде што има повеќе од 900 видови на растенија од сите краеви на светот. Низ градината секако има бројни патеки каде што посетителите можат да уживаат во прекрасната природа.

Посетите се дозволени и за тие што немаат авионски билети, па така од аеродромот очекуваат овој објект да го посетат околу 60 милиони луѓе оваа година.

Инаку, градежните работи не се завршени. На петтото ниво ќе биде отворен посебен парк кој ќе има 50 метри долг стаклен мост и ќе биде поставен на висина од околу 20 метри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг