Ѝ ја украде чантата, па заврши во болница: Погледнете како му се одмазди бремената жена

Точка

19/04/2019

10:30

3.118

Големина на фонт

а а а

Еден крадец помислил дека бремената жена е лесна мета за да ја ограби, но набрзо потоа му стана јасно дека „налета“ на погрешната жена.

Американката Кристин Брасвал излегла од трговскиот центар и тргнала кон својот автомобил, по што непознат човек најпрвин ја поздравил, а потоа ѝ ја оттргнал чантата и започнал да бега.

Тој очигледно мислел дека бремената жена нема шанси да го стигне, меѓутоа не очекувал дека жената ќе седне во својот автомобил и ќе започне да го брка. Жената на крајот успеа да го стигне, но исто така и да го удри со автомобилот, по што крадецот завршил во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг