Брз и неоспорно атрактивен: Вонвременски "Porsche 911 Speedster"

Точка

18/04/2019

21:46

2.125

Големина на фонт

а а а

По девет години чекање "Porsche" конечно ги израдувал своите љубители на новиот "Speedster".

Меѓутоа, новиот "Speedster" не е базиран на последната генерација 911, туку на 911 GT3. 

"Porsche" одлучил да направи само 1.948 единици на "Speedster", во чест на првиот продукциски модел на компанијата 346, кој дебитирал во 1948-ма.

Неговата шасија е дериват на 911, а поседува посебно наместено контролирање со задните тркала со динамичен погон.

Го придвижува 4,0-литарски шестоцилиндричен боксер агрегат кој развива 508 коњски сили, чија сила се пренесува преку традиционален шестобрзински мануален менувач.

"Speedster" профитирал и на намалената тежина, браникот и хаубата се карбонски влакна, како и задниот дел од возилото.

Предното и задното ветробранско стакло се од полиуретан, а зад 20-инчните тркала има керамички сопирачки.

Масата е значително намалена и благодарение на споменатиот мануален менувач, кој е четири килограми полесен од седмостепениот, а речиси 20 од автоматикот со двојна педала.

"Porche" дури ја исфрлил и климата, но купувачите можат да ја добијат ако ја сакаат.

Крајниот резултат е сериозен брз, неоспорно атрактивен автомобил тежок 1.465 килограми, кој од 0-100 km/h развива за 3,8 секунди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг