"Мојот Galaxi Fold се распадна по само два дена користење": Компанијата излегла со соопштение

Точка

18/04/2019

19:54

5.868

Големина на фонт

а а а

По само два дена користење телефонот "Galaxi Fold" почнал да се распаѓа, пишува порталот "The Verge".

"Доволно е само малку да се искриви екранот, и под прстите може да се почувствува оштетување. Мојата најдобра претпоставка е дека тоа е парче скршеница, нешто потешко од влакно. Можеби е нешто друго, како што е самата шарка на неисправната единица притисната на екранот", пишува авторот на статијата Дитер Бон. 

Тој напишал дека е многу вознемирен поради фактот дека веќе по два дена користење тој телефон почнал да се распаѓа.

Компанијата не чекала и уште денес се огласила со соопштение дека веднаш ќе истражи за што станува збор.

"Темелно ќе ги прегледаме телефоните за да видиме за што станува збор", наведуваат од Samsung, и додаваат дека дека ќе ги истражат телефоните чии екрани се скршиле без директна или очигледна причина.

"Уште немаме јасен одговор", рекле од Samsung.

"Ограничен број на телефони "Galaxi Fold" е доставен до медиумите на преглед. Добивме неколку извештаи во врска со главниот дисплеј на доставените примероци. Посебно ќе ги прегледаме овие телефони за да ја утврдиме причината за проблемот", стои во соопштението.

Се додава уште и дека неколку новинари кои ги добиле телефоните на тестирање признале дека го отстраниле горниот слој од екранот кој му нанел штета на екранот.

"Главниот екран на Galaxy Fold има врвен заштитен слој, кој е дел од структурата на екранот дизајниран да го заштити екранот од несакани гребнатини: Отстранувањето на заштитниот слој или додавање на лепила на главниот екран може да предизвикува оштетување. Ние ќе се погрижиме овие информации да бидат јасно доставени до нашите клиенти", навеле од компанијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг