Тамара се расплака сред емисија кога ја виде фотографијата: “Тој беше светла точка во мојот живот”

Точка

18/04/2019

19:52

15.098

Големина на фонт

а а а

Познатата македонска пејачка и претставник на овогодишната Евровизија, Тамара Тодевска, гостуваше во емисијата “Б со точка” на водителот Драган Б. Костиќ.

Низ емисијата, таа зборуваше за разните периоди од својот живот, коментирајќи ги фотографиите кои Костиќ ѝ ги покажуваше. Кога водителот ѝ покажа фотографија од нејзиниот пријател, прерано починатиот Влатко Илиевски, Тодевска не можеше да ги задржи своите солзи. 


“Тој беше многу добар човек, многу добро дете. Беше светла точка во мојот живот. Човек со кого детството го поминав. Учевме заедно во средно музичко. Тогаш, почнавме да се дружиме. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк и се спријателивме првиот ден. Како што се спријателивме, така не се одделивме. Малку нѝ се разделија патиштата, но немаше ден да не се чуеме”, се присети пејачката.

Моментот на нејзините спомени со Влатко, можете да го погледнете од 38-та минута.

За потсетување, Влатко Илиевски почина на 6-ти јули претходната година откако неговото безживотно тело беше пронајдено во неговиот автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг