Фејсбук се соочува со уште еден скандал поврзан со безбедноста на корисниците. Како што пренесува “Business Insider”, најголемата социјална мрежа на светот собирала мејл контакти на 1,5 милиони нови корисници на Фејсбук.
Фејсбук соопшти дека ова се случувало пред три години кога биле направени измени во процесот на проверка, чекор по чекор, преку кој корисниците минуваат при најавата на својата корисничка сметка.
Пред тие промени, корисниците имаа можност да ги поврзат своите мејл контакти при отворањето на профилот за Фејсбук да им помогне полесно да ги пронајдат своите пријатели. Сепак, во текот на 2016-та година, Фејсбук ја добивале мејл листата со контакти без корисниците да знаат за тоа.
„Кога ги проверувавме чекорите низ кои луѓето минуваа за да ги верификуваат своите кориснички сметки, откривме дека во некои случаеви мејловите, односно контактите, исто така биле складирани на Фејсбук, кога одреден корисник креирал профил“, соопштија од Фејсбук.
Од најголемата социјална мрежа на светот соопштија дека „случајно“ вчитаните листи на контакти не биле споделени со никого надвор од Фејсбук, откако веста ја пренесе “Business Insider”.