Пресметајте дали вашето тело е идеално со помош на едноставна формула

Точка

18/04/2019

17:42

4.153

Големина на фонт

а а а

Не, не, не! Ким Кардашиан ги нема идеалните пропорции на телото.

Актерката Скарлет Јохансон ја победила познатата старлета, бидејќи нејзините пропорции се најблиску до тоа што старите Грци го сметале за идеално. 

Истражувачите на "BlueBella" ги измериле телата на славните жени, а познатата актерка според нивните зборови има телесни пропорции најблиски до оние кои Грците ги сметале за идеални и најубави.

Пресметајте колку вашиот изглед е блиску до совршенство со помош на едноставна формула. Оваа формула се однесува само на жени.

Измерете го горниот дел од телото на местото каде градите се најшироки. Добиената мерка е "B". Измерете ја половината каде што е најтесна за мерката "W". Таму каде што колковите се најшироки се наоѓа мерката "H", а мерката каде градите се најшироки до половината каде што е најтесно е мерката "BW". Измерете ја линијата од половината до колковите таму каде што се најшироки за да ја добиете мерката "HW".

Пресметајте ги добиените бројки според формулата:

- (B-W) x BW x 0,5 = мерка за градите

- (H-W) x HW x 0.5 = мерка за колковите

Конечниот резултат пресметајте го на следниот начин.

(Мерката на градите + мерката на колковите) / мерката на половината = вашата златна мерка.

Познатата старлета Ким Кардашиан, која се нашла на второто место, останала зад убавата Скарлет Јохансон, додека на третото место се нашла Хелен Мирен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг