Нарачала фустан преку интернет за 28 фунти, добила “18+“ парче облека

Точка

18/04/2019

21:45

19.132

Големина на фонт

а а а

Студентката Џоди Хауард од Даблин нарачала фустан за 28 фунти, а кога фустанот ѝ пристигнал, таа сфатила дека добила парче облека кое ништо не ѝ остава на фантазијата.

Најпрвин на Твитер ја споделила снимката од својата реакција кога на домашна адреса ѝ пристигнал пакет за кој мислела дека нема шанси да го собере фустанот во него, а потоа го извлекла од кутијата. 

Како што вели Хауард, таа повремено нарачува облека преку интернет, но ова е прв пат таа да добие “нешто што е потполно поинакво од она што го видела на интернет”.


“Видов реклама на Инстаграм за фустанот, кликнав на неа и ме одведе на една страница. Го нарачав, а две недели подоцна ми стигна достава. Ме изненади големината на пакетот, иако бев возбудена што конечно пристигна”, изјавила таа.


Откако го извадила фустанот од пакетот, Џоди пробала и да го облече.


“Мајка ми и јас добро се изнасмеавме додека го облекував, а кога конечно го “навлеков” на мене, сфатив дека е целосно провиден”.

Нејзината објава предизвикала повеќе од 200 коментари, а луѓето споделувале слични работи кои им се случиле и на нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг