Масивна предна маска и вистинска магија во ентериерот: "Lexus" направи комбе!

Точка

17/04/2019

20:07

3.036

Големина на фонт

а а а

Ако вас ве шокираа "Lamborghini", "Rolls-Royce", и "Bentley", што направија SUV модели, што ќе кажете тогаш за потегот на "Lexus"?

Премиум брендот на "Toyota", кој се специјализирал за луксузни лимузини, ја шокирал автомобилската јавност во Шангај. 

"Lexus" го претставил своето прво комбе, како луксузно превозно средство под ознака LM.

На прв поглед LM вниманието го привлекува со масивната предна маска која без проблем ќе ги посрамоти и "бубрезите" на BMW на Серија 7.

Освен тоа, кај комбито на "Lexus" доминираат хромирани детали од сите страни на возилото.

Сепак, како и во случајот со секое луксузно возило, и во ова, вистинската магија се случува внатре.

Иако е комби, LM е опремено за само четири патници, а Lexus ги цели градските, деловни професионалци на кои им е потребна удобност, а седиштата кои се наменети за нив се удобни како тросед.

LM е достапен и во верзија со седум седишта, за потребите за превозот на поголеми семејства.

Патниците одвај ќе го почувствуваат движењето на ова возило кое добило технологија на врзување од новата генерација на седани ES.

Кога станува збор за луксузот, LM е опремен со огромен 26-инчен екран, преграда за приватност, а тука се и чадорите какви што има во "Rolls-Royce".

Секако, типот на луѓе кои би го купиле ова возила уживаат во сите магии на луксузот, како што е шампањот, а за секогаш да биде подготвен за консумирање задолжени се двата мали фрижидери.

Што се однесува до погонот, во зависност од пазарот, ќе бидат достапни LM350 со 3,5 литарски и LM 300h со електрификуван 2,5-литарски четвороцилиндарски агрегат, а опционален е погонот на сите четири тркала.

"Lexus" своето прво комби ќе го пласира на пазарот на Кина и остатокот на Азија кон крајот на оваа година, а ќе биде достапен само во црна или бела боја.

Цената уште не е е соопштена, но секако ќе биде поскап од браќата со логото на "Toyota".




Спонзорирани линкови

Маркетинг