Косилка побрза од автомобил – Honda го напаѓа Гинисовиот рекорд

Точка

17/04/2019

18:52

1.945

Големина на фонт

а а а

Јапонската Honda спрема нов напад на брзинскиот рекорд кога станува збор за косилките за трева.

Пред шест години, Honda направи исклучително брза косилка со 1,0-литарски мотор кој развива 109 коњски сили и достигнуваше рекордна брзина од 187 км/ч. Тој рекорд ѝ го одземаа Норвежаните кои во косилката “Viking/STIHL” вградија американски осумцилиндричен агрегат од Chevrolet Corvette C6 кој ѝ овозможил брзина од неверојатни 215 км/ч. 

Меѓутоа, Honda веќе спреми одговор за напад на Гинисовиот рекорд – таа позајмила погон од мотоциклот Honda Fireblade SP. Со него, косилката развива 192 коњски сили и 155 Nm, а Јапонците предвидуваат дека ќе надмине брзина од 240 км/ч.

Иако ќе биде побрза од многу современи автомобили, косилката на Honda наречена Mean Mower и понатаму ќе поседува сè што нуди една стандардна машина за косење на тревник.

Овој рекорд ќе проба да го собори со поранешната шампионка во картинг, Џесика Хокинс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг