Ова се трите најпријателски земји на светот, помеѓу нив се најде и еден наш сосед

Точка

17/04/2019

18:05

4.439

Големина на фонт

а а а

Дури 79 отсто од странците тврдат дека е лесно да се пронајдат пријатели во Србија. Оваа земја, покажува истражувањето на “Expat Insider”, е една од оние во кои странците многу лесно склопуваат пријателства.

По преселбата во странство, најголемиот предизвик е пронаоѓање на нови пријатели, а само 57 отсто од оние кои морале поради работата да се преселат, наведуваат дека тоа лесно им оди од рака. 

Тоа го покажуваат резултатите на актуелната студија која се занимава со темата “животот и работата во странство” и која секоја година ја спроведува “Internations”, најголемата мрежа на лица кои поради работата се преселиле во странство.


Врз основа на 18-те илјади испитаници била составена листа од 10 земји во кои странците најлесно склопуваат пријателства, а Србија на оваа листа го зазема високото трето место. На првото место се наоѓа Мексико, земја која од 2014 година постојано се наоѓа помеѓу првите три земји на оваа ранг-листа. Дури 82 отсто од странците изјавиле дека е лесно да се стекнат нови пријателства во текот на престојот во оваа држава. Зад Мексико се најде Бахреин, кој минатата година на листата беше на шестото место.

Србија, за која ова е прво појавување на ранг-листата, го зазела високото трето место од вкупно 68 земји, а 86 отсто од испитаниците оцениле дека ставот на Србите кон странците е пријателски и отворен и дека секогаш се спремни да помогнат.

Дури три четвртини од испитаниците велат дека во Србија општо гледано не е тешко да се склопат нови пријателства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг