Втора национална конференција за проектен и IT менаџмент во Скопје

Точка

17/04/2019

15:35

2.095

Големина на фонт

а а а

Kонференцијата која минатата година беше распродадена за рекордно брзо време ни доаѓа повторно оваа година во унапредена форма. Засега, темите откриваат уште еден возбудлив собир на најголемите експерти и професионалци од оваа индустрија.

На 24 април во City Hall ќе се дискутира за идни трендови, на актуелни теми, ќе се водат интересни панел дискусии, ќе слушнеме корисни презентации на eкперти од регионот и ќе имаме можност да бидеме на исто место со највлијателните PMP & IT менаџери во регионот.

„Целта на овогодишната конференција е да ги прикаже бенефитите од најновите технологии и трендови во проектниот и IT менаџментот, како и да понуди решенија што ќе овозможат да останете „апдејтирани“ преку осознавање на најновите, најдобрите и докажани практики во работењето“ - изјавија организаторите Clear View BTC, Certidaria и Семос Едукација .

 Дел од темите на конференцијата се:

• Трендови во проектен менаџмент за 2019,

• Која е иднината на Blockchain технологијата?

• Digital Transformation through Data Science

Повеќе информации за темите, говорниците и детали врзани за конференцијата прочитајте на официјалната веб-страна http://clearview.conference.com.mk/pm-it/

Дополнително, присутните ќе имаат можност да се стекнат со 7 PDUs (Professional Development Units), валидни за сите носители на PMI сертификација.

Рекорден интерес за конференцијата PM & IT 2019, побрзо од било кога се пополнуваат местата.

За најдобрата комбинација на работа и дружење, резервирајте место на PM & IT 2019




Спонзорирани линкови

Маркетинг