Слатко задоволство за оние со подлабок џеб: Колаче од 1.000 долари

Точка

17/04/2019

15:03

2.365

Големина на фонт

а а а

Ако наскоро планирате да го посетите Големото Јаболко и имате желба да трошите пари, тогаш овој текст е совршен за вас...

Особено ако сакате слатки, посебно оние неверојатните, декорирани со 23-каратно злато.По цена од 1.000 долари, ова колаче го создаде Софија Деметриу, која е сопственичка на Duchess Cookies.


Деметри долго време чекаше да направи ваков луксузен чекор на пазарот, за да го постигне сето тоа го избра колачето од 1.000 долари.

„Во себеси си помислив, зошто не би креирала нешто што е деликатно, прекрасно и ексклузивно.“ - вели Софија.

Таа го ангажирала Џонатан Чебан, кој воедно е најдобар пријател на Ким Кардашиан, за да и помогне да го изрекламира својот нов производ на друштвените мрежи.

„Продажбата се зголеми за 50% кога тој почна да не промовира“- вели Софија


Да погледнеме што всушност содржи овој колач: во прашање е red velvet колач, кој едноставно самиот по себе е превкусен, а содржи увозна рубин чоколада, која што е украсена со 23.000 златни листови.

Секако, цената не ја дава колачoт самиот по себе туку златните ливчиња со кои што е украсен.

Дали би го пробале? 



Спонзорирани линкови

Маркетинг