Пијан заспал на кревет после забава, но следното утро бил разбуден од непознат брачен пар и сфатил дека направил голема грешка

Точка

17/04/2019

13:04

5.988

Големина на фонт

а а а

Младо момче од Шведска после забава на која испил многу, легнал на кауч мислејќи дека и понатаму е во куќата каде што се одржувала забавата. Кога брачниот пар се разбудил утрото се шокирал кога видел непознато лице на каучот, а нивното прашање било, кој е тој и што прави во нивната дневна соба.

На нивното прашање, тој им одговори дека нема поим за што зборуваат и дека синоќа имало забава после која одлучил малку да поспие. Но, потоа се разбудил и одлучил да направи доручек. 


Збунетиот пар му објасни дека кај нив немало никаква забава во нивната куќа и дека тој веројатно заспал во погрешен дом.

Дури после тоа, Швеѓанецот сфатил дека упаднал во сосема друга куќа. За среќа, парот целата ситуација ја прифати со насмевка, а младото момче снимило видео со непознатите домаќини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг