Се појавија првите фотографии на BMW M135i

Точка

16/04/2019

17:22

2.575

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавија првите две фотографии од најперформантната верзија на новата „Серија 1“ која БМВ наскоро ќе ја претстави.

Автомобилот на фотографиите ја носи M Performance ознаката, што значи дека е прикажан најмоќниот модел на новиот автомобил на Баварците од „Серија 1“.

Иако новата генерација ќе пристигне со околу 30 коњски сили помалку во однос на претходникот М140i, БМВ ветува многу слични перформанси, со истовремено драстично повисоко ниво на ефикасност. Најверојатно под хаубата ќе се најде дволитарскиот агрегат кој развива 302 коњски сили, па новиот M135i од 0 до 100 километри на час би требало да забрзува за не повеќе од 5 секунди.


За максималниот обртен момент од 450 Nm да се искористи на најдобар можен начин, унапреден е и погонскиот систем на четири тркала – xDrive кој сега ќе работи заедно со новиот систем наречен ARB.

Официјалното деби на новата „Серија 1“ на БМВ е закажано за Саемот на автомобили во Франкфурт, а почетокот на продажбата се планира пред крајот на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг