И непушачите може да заболат од рак на белите дробови, а првиот симптом е овој вид на кашлица

Точка

16/04/2019

16:40

5.327

Големина на фонт

а а а

Непушачите не се заштитени кога станува збор за рак на белите дробови. Имено, голема е бројката на оние кои страдаат од овој облик на карцином, а никогаш не испушиле ниту една цигара. Еве како е можно тоа.

Дебра Монтаги (54) е само една во низата личности на кои им бил дијагностициран рак на белите дробови, а никогаш не запалила цигара. 

"Прво што им реков на докторите е: "Јас сум непушач, никогаш не сум вовлекла ниту еден дим". Свесна сум дека е грдо да се мисли дека пушачите треба да имаат рак на бели дробови, но сепак кога некој толку години консумира цигари тогаш барем ми е јасно како ја добил болеста. За нас другите никогаш нема да ми биде јасно", изјавила таа.


Иако пушењето е одговорно за речиси 85 % од случаевите на заболување од карцином на бели дробови, бидејќи во цигарите се наоѓаат дури 60 канцерогени материи, не значи дека некој кој не пуши цигари не може да ја добие оваа болест. Во последно време бројката на заболени од рак на бели дробови се зголеми кај непушачите, односно се удвоила за седум години.

Д-р Ерик Лим спроведе студија која покажа дека речиси третина од пациентите кои боледуваат од овој вид на рак се всушност непушачи. Кај овие пациенти е далеку потешко да се открие болеста, бидејќи е познато дека првиот симптом е кашлањето.

Пушачите кашлаат и од чадот од цигарите, но исто така се обрнува внимание на оваа појава. Тие знаат дека се во ризик од заболување и колку и да звучи парадоксално, се јавуваат на преглед веднаш штом што ќе забележат промена во начинот или интензитетот на кашлањето.


"Кога пушач ќе се јави кај докторот поради кашлање, речиси во 100 % од случаевите ќе бидат испратени на рендген за белите дробови. Кога непушач ќе се обрати кај доктор поради кашлање, главно се смета дека станува збор за настинка, па тоа се лекува и потоа се прават дијагнози што секако го отежнува лекувањето", вели д-р Лим.

Дебра имала рак, забавено кашлање од околу 15 дена. Го опишала како длабока надразнета кашлица кога отишла на доктор. Ѝ било кажано дека не може да биде ништо сериозно иако се слуша некој шум. Ни самата не знаела зошто инсистирала да ѝ се направат анализи, но благодарејќи на рендгенската снимка се покажа дека боледува од рак на белите дробови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг