Шокантни сцени кои им го скршија срцето на Французите: Светот остана без христијанското богатство старо осум векови

Точка

16/04/2019

21:55

9.414

Големина на фонт

а а а

Париската катедрала „Нотр Дам“ денес беше зафатена од катастрофален пожар кој го сруши покривот, историската кула и однесе во неповрат бројни знаменитости – светско културно богатство.

„Ужасна загуба за градот и цела Франција“, изјави накратко францускиот претседател Емануел Макрон додека пламените јазици го голтаа еден од симболите на „градот на светлината“.

Предмалку Лорен Нунез од француската влада соопшти дека пожарникарите успеале да ги спасат двете големи кули, неколку часа после избивањето на пожарот. Со тоа практично е спасена главната структура на црквата од рушење и тоа е единствената добра вест во овој тажен ден за Париз, Франција, но и целиот свет.


Бројни сведоци денес запрепастено гледаа додека пламенот ја голташе катедралата стара 8 века, која ја преживеа Француската револуција и двете Светски војни, за сега да изгорат бројни уметнички дела од непроценлива вредност за само неколку часа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг