Последно предупредување на европските научници: На континентот ќе беснее тропска болест, на удар посебно е оваа балканска земја

Точка

15/04/2019

21:46

10.260

Големина на фонт

а а а

Научниците предупредуваат дека лишманиоза, енцефалитис и Денга грозницата, и се закануваат на Европа поради глобалното затоплување.

На големата конференција која во саботата била одржана во Амстердам, експертите се согласиле дека постои реална опасност од избивање на епидемија на тие болести. 

Иако станува збор за зарази кои претходно ги погодувале јужните краеви, сега се во опасност и други, односно, постудени предели на северот на Европа, предупредуваат научниците, наведувајќи дека е потребно да се преземат итни мерки за глобалното затоплување да се спречи.

Имено, глобалното затоплување создало услови во кои комарците, крлежите и другите инсекти кои пренесуваат болести можат неконтролирано да се размножуваат и да се шират низ европа. Меѓу земјите кои се сметаат за најзагрозени е и Хрватска.

"Инсектите во Европа се шират веќе со децении, поради што имаме епидемија на Денга грозница во Франција и Хрватска, маларија во Грција, грозница Западен Нил во Југоисточна Европа...".

Научниците сметаат дека климата на Медитеранот толку се променила што таа е сега делумно тропска, а како доказ ја истакнуваат целосната адаптација на тигрестиот комарец на европските краеви, кои до пред неколку децении им биле престудени.

"Во иднина, потоплото и постудено време ќе даде идеални услови за размножување на инсектите како азискиот тигрест комарец, кој шири вируси и предизвикува тешки болести, а би можел да се прошири низ цела европа", рекол еден од учесниците на собирот, италијанскиот научник Џовани Реза.

Научниците истакнуваат дека епидемиите на болести како Денга грозницата во минатото биле ограничени на потоплите - тропските и суптропските краишта - од едноставна причина - комарците надвор од тие краишта умирале поради ниските температури. Но, порастот на температурите тоа би можело да го промени.

Научниците сметаат дека здравствените агенции мора да работат на воспоставување на квалитетен систем за надзор и превенции на ваквите зарази и предупредуваат на можност од епидемија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг