Овој град од тотална пропаст го дели еден ѕид: Се појавиле првите пукнатини, морето нема да има милост ако работите не се променат

Точка

15/04/2019

21:29

6.623

Големина на фонт

а а а

Еден ѕид чува еден град и неговите 10-тина милиони жители. Тврдината која живот значи ја чува Џакарта, главниот град на Индонезија, од неколку метри длабоките води во Џакартскиот залив. Имено, индонезискиот главен град со добар дел сега се наоѓа под површината на морето.

Меѓутоа, дури ни ѕидот повеќе не е сосема сигурен. На некои места пукнал, некаде матната и загадена вода веќе минува преку ѕидот. 

Венеција, дијамантот на Италија и град изграден на острови, тоне секоја година околу 2 милиметри. Џакарта одамна ја престигнала Венеција, а посебно е загрозен северниот појас крај самиот брег, каде живеат околу 4 милиони луѓе. Тој дел на Џакарта се наоѓа на околу 4 метри под површината на морето, а дури и ѕидот кој треба го чува градот тоне околу 25 центиметри секоја година.

"Тука живеам од 1981-ва година, но не знам колку долго ќе можам да останам, секоја година нивото на морето е се поголемо", вели еден жител.

Џакарта тоне поради сиромаштијата, и тоа во прилично буквална смисла. Градот не може да донесе доволно вода од околните резервоари со питка вода и граѓаните се принудени да се потпираат на длабоките бунари и водата под своите нозе. Поради тоа подземните резервоари се рушат и буквално го снижуваат тлото.

Земајќи ја во предвид експлозијата од нови станбени згради, трговски центри и владини канцеларии кои само го зголемуваат рушењето на подземните шуплини, јасно е дека проблемот е тешко решлив. Изградбата на новите улици донела до проблем со одложување на дождовницата, а истовремено подземните резервоари не можат да примат дожд затоа што асфалтот не е порозен.

Така настанал магичен круг каде на се повеќе луѓе им треба се повеќе вода. А бројни луѓе не можат или не сакаат да се потпрат на локалните власти за снабдување со вода. Како што еден од сопствениците на на зградите рекол за BBC: "Подобро да ги користиме подземните води наместо да се потпираме на властите. Зградите како мојата трошат многу вода", рекол тој.

На потопувањето на Џакарта дополнително едноставниот факт дека дури ни реките повеќе не можат нормално да течат. Имено, се подолгите текови на реките се под нивото на морето и секој дождлив период на Џакарта и се закануваат се потешки поплави.

Дури 13 реки течат низ главниот град на Индонезија, а земјиштето е мочуришно. Хери Андреас веќе 20 години ја проучува Џакарта и нејзиното тонење во морето. "Ако ги погледнете нашите бројки, тие велат дека до 2050-та година околу 95 проценти од Џакарта ќе бидат под вода", рекол тој за BBC.

Новите водоводи уште се во фаза на планирање, а експертите предупредуваат дека Џакарта се доближува до точка од која нема враќање. Холандскиот експерт ЈанЈап Бринкман веќе со години работи на овие проблеми и вели дека пред 20-тина години знаеле дека градот тоне, но немале поим колку.

"По поплавите во 2007-ма година проучувавме податоци и откривме дека градот тоне просечно десетина центиметри секоја година. Некои делови од градот и повеќе", рекол Бринкман.

Повеќе од 300.000 луѓе биле евакуирани, 50-тина луѓе загинале во катастрофалните поплави таа година. Решението на хартија изгледа едноставно. Градот мора да ја реши зависноста од подземните извори на вода под сопствените темели. Токио имал сличен проблем на почетокот на 60-тите години. Во текот на 20-тиот век градот потонал за четири метри, но тогаш одлучиле да носат вода од околните региони. Токио веќе воопшто не тоне.

Меѓутоа, во Индонезија, дури ни неколку години подоцна, нема никакви подобрувања. Финансиските проблеми, другите инфраструктурни барања, децентрализираната власт, сето тоа игра своја улога во одложувањето на градењето на водовод. Бринкман вели дека Џакарта има само неколку години пред да доживее катастрофа.

Еден друг проект, значително поамбициозен, со проценети трошоци од 40 милијарди долари, бара изградба на голем морски ѕид долг 40-тина километри преку Џакартскиот залив. Поборниците велат дека би добиле огромна вештачка лагуа и место за изградба на нов луксузен град насред заливот.

Критичарите предупредуваат на хроничниот недостиг на комунална инфраструктура во големиот дел на Џакарта. И во и околу самиот град течат десетина реки. Во нив се испуштаат повеќето отпадни води и во главно би завршувале во предложената лагуна. Како што велат самите, би добиле голема септичка јама платена 10-тина милијарди долари. Сите проекти засега тапкаат во место, а луѓето се прашуваат само кога ѕидот ќе попушти и ќе ги однесе нивните животи во Јаванското море.



Спонзорирани линкови

Маркетинг