На славната актерка ѝ се закануваат 40 години робија, а коментарот на нејзината ќерка ги разбеснил луѓето ширум светот!

Точка

15/04/2019

21:08

8.148

Големина на фонт

а а а

Актерката и нејзиниот сопруг се разоткриени поради фалсификување на документи.

Семејството Локлин-Џанули се нашло во центар на скандал откако во јавноста испливале информации за фалсификување на документација, односно давање на мито за нивното дете да оди на еден од најпрестижните колеџи, и за да има добри оценки. 

Актерката Лори Локлин и нејзиниот сопруг, дизајнерот Масимо Џафнули, биле разоткриени поради фалсификување на документација која била неопходна за нивната 19-годишна ќерка, инфлуенсерката Оливија Џејд, да се запише на еден престижен универзитет.

Оливија истакнала дека била принудена на тоа поради големите амбиции на славните родители, и дека тие "и го упропастиле животот" со тоа што сакале да добие диплома, и покрај тоа што години наназад заработувала многу пари како влијателна личност на социјалните мрежи.

Иако тврди дека не знаела ништо за подмитувањето, таа се повлекла од социјалните мрежи кога било откриено дека родителите платиле 500.000 долари за да го маскираат фактот дека таа и нејзината сестра ги немаат потребните квалификации за колеџ.

После тоа, вели Оливија, еден по еден престижен бренд кој го рекламирала ги откажал договорите кои ги имал со неа.

Изворот на "US Weekly" тврди дека нејзината мајка дури сега станала свесна за сериозноста на ситуација, со оглед на тоа дека постои можност таа и нејзиниот сопруг да завршат зад решетки и тоа на 40 години.

Покрај нив, во масовниот скандал со измамите на колеџите во САД, вмешана е и актерката Фелисити Хафман.

Како што пишуваат светските медиуми, агентите на ФБИ неодамна упаднале во домот на познатата актерка, а потоа ја одвеле во притвор. Нејзиниот сопруг платил кауција од 250.000 долари за Фелисити да биде ослободена.

Хафман уплатила 15.000 долари за наводна добротворна донација, така што нејзината ќерка би можела со измама да мине приемен тест на колеџ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг