Капетан Колинс: “Титаник не потонал поради сударот со санта мраз”

Точка

15/04/2019

17:49

3.743

Големина на фонт

а а а

Британскиот патнички брод Титаник, кој потонал на 14-ти април пред 107 години, не потонал поради судар со санта мраз, тврди капетанот Л.М. Колинс.

Титаник потонал на 14-ти април 1912 година, во текот на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк, САД. Под капетанството на Едвард Смит, на бродот имало отприлика 2200 патници во моментот кога се судрил со сантата мраз кратко пред полноќ – несреќа во која повеќе од 1500 луѓе ги изгубиле своите животи. 


Колинс, кој има искуства во водите на северниот Атлантик, каде потонал Титаник, вели дека таа приказна за сударот со сантата мраз не е реална. Тој во 2002 година ја издал книгата “The Sinking of the Titanic, An Ice Pilot's Perspective”, каде предложил три причини поради кои верува дека Титаник навистина удрил во леден слој.

“Уверен сум дека е невозможно бродот да удрил во санта мраз. Титаник е жртва на арктички леден слој, повеќегодишен слој кој е многу тврд”, изјавил поранешниот морепловец. Како што навел капетанот, бројни бродови потонале на ист начин – со пробивање на трупот, пренесува “Al Jazeera Balkans”.


“Нема веродостојни докази дека Титаник удрил во санта мраз”, изјавил Колинс. Тој детално опишал како отприлика десет минути пред потонувањето, двајца морнари воочиле нешто што го сметале за магла на хоризонтот, протегајќи се отприлика 20 степени од двете страни на бродот. Исто така, различни офицери пријавиле различна висина на непостоечка санта мраз.

Капетанот Колинс верува дека таа разлика во висината е последица од “оптички феномен кој е добро познат помеѓу наутичарите”, каде рамното море и екстремниот студ го искривуваат изгледот на објектите во близина на водената линија, што ги прави многу високи.


Физиката исто така налага дека Титаник не удрил во санта мраз, тврди тој и објаснува дека нешто што е познато како Бернулиев ефект значи дека тоа не е возможно. Според зборовите на капетанот, доколку бродот пловел со брзина од 11 метри во секунда и удрил во санта за која се тврди дека е со големина на хотел, целата страна би била уништена.

“Бродот во тој случај би потонал за неколку минути, а не часа”, заклучил Колинс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг